ПОТЕНЦИЈАЛ-V

Актуализирај ги своите потенцијали

ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Центар за самоактуализација

Центарот за самоактуализација ПОТЕНЦИЈАЛ-В се бави со психотерапија, психолошко советување, психолошки тренинзи и работилници, психолошко тестирање, корпоративни тренинзи за лидерство, корпоративен коучинг за менаџери и вработени, од 2017 година , во Скопје.

Инспирирани од учењата на Голдштајн, Роџерс, Јунг, Маслов, веруваме дека самоактуализацијата е вроден, универзален мотив и сите други мотиви произлегуваат од овој основен мотив, со единствена цел , за колку што е можно поцелосно остварување на потенцијалите. Иако станува збор за вродена и неизбежна тенденција за самоактуализација на потенцијалите, срединските услови може да имаат олеснително или отежнувачко влијание.

Развојот може да биде поттикнат или попречен. Додека за некој остварување на потенцијалите значи максимална посветеност на семејството и себеостварување преку успехот на децата, за друг тоа е професионалната компетентност и успех, за трет градењето значајни и цврсти социјални релации.

ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Работа со корпорации

Изготвуваме специјализирани индивидуални програми за потребите на компаниите и спроведуваме индивидуален коучинг за менаџери и вработени.

Во рамките на корпоративните обуки, програмата за лидерство, под името “Енергетско Лидерски Развоен Систем” е посебна, јасно структурирана програма, за менаџери, која обезбедува сознанија за тековното ниво на свесност, перформанси и ефективност, и иницијално го лансира патот за развој.

Структурирана од обуки за емоционална интелигенција, динамичка комуникација, влијание и ангажирање на другите, решавање проблеми, продуктивност и носење одлуки, високо енергетски релации, здравје и благосостојба, организација на време и баланс, се обезбедува тренинг да се стане мастер во области потребни за идеално лидерство.

ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Закон на битието

Законот на Битието се базира на свесна одлука за тоа КОЈ сакаме да бидеме

Закон на Битието е единствена и уникатна индивидуална програма за личен раст и развој. Со многу алатки, е витална подршка на учесникот на програмата, во развој на сопствените потенцијали.

"Преку зголемување на свесноста до поголемо задоволство во секој аспект од животот."

Се почнува со насочување кон спознавње на срединските, генетските услови кои придонеле во формирањето на нашата личност, себеанализа каде сме денес и што е тоа што би сакале да го промениме.

Промената значи спознавање, прифаќање и донесување одлука за надминување на оние ограничени верувања, интерпретации, искуства, стравови, кои го блокираат патот кон успехот и актуализација на сопствените потенцијали. Се изучуваат алатките со цел откривање на тајните на манифестација, на изобилие, на среќа, здравје, мудрост и добросостојба.

На крај, се прави избор што да се задржи, а што да се промени. Го креираме светот што го избираме! Законот на Битието се базира на свесна одлука за тоа КОЈ сакаме да бидеме, и тоа повлекува автоматска промена на мислите, емоциите и однесувањата.

Актуелни тренинзи

Психолошки тренинзи

  • Автоген тренинг
  • Асертивен тренинг
  • Емоционална интелигенција

Автоген тренинг без сугестија

  • Автоген тренинг почетно ниво
  • Автоген тренинг напредно ниво

Психотерапија

  • Системска и семејна психотерапија
  • Емотивно фокусирана психотерапија
  • Когнитив бихејвиор терапија

Психодијагностика

  • Психодијагностика во диференцијал дијагностички цели
  • Тестирање на интелигенција кај деца и возрасни
  • Психолошка анализа и тестирање на личност во тераписки цели
  • Психолошко тестирање за професионална ориентација и компетенции

Коучинг

  • Индивидуален
  • Организациски

Справување со анксиозност

Справување со анксиозност

Generic placeholder image

"Длабоко во човекот е всаден стремеж и борба за поголема и крајна смисла на неговото постоење. На тој начин се стреми кон максимално остварување на своите вредносни потенцијали , не затоа што треба или сака, туку затоа што тоа со својата волја го бира."


В. Франкл
Контактирајте не

Подготвени сте да започнете? Закажете термин денес и дозволете ни да ве водиме кон раст што трае!

Контактирајте не