За тренингот

Асертивност е значајна личносна вештина , основна за комуникација. Асертивното однесување подразбира самоувереност и самоодговорност во своето произнесување, без да се биде агресивен. Неасертивните типови на однесување се нефункционални и носат кон попреченост во разбирањето, произнесувањето, блокади, фрустрации, конфликти.
Индивидуата која се однесува асертивно има моќ да се здобие со почит од другите, постигне личен и професионален развој и остварување на своите потенцијали. Концептот се базира на верување дека нашите желби и потреби се важни , но не поважни од желбите и потребите на другите. Ориентацијата е на себепочитување и почитување на другите.


Теми кои се обработуваат на тренингот:
1
На тренингот се изучуваат различните стилови на комуникација. Се прави разлика помеѓу агресивно, асертивно, пасивно и агресивно-пасивно однесување како типови на однесување во меѓучовечките релации како и осврт на причините и последиците на неасертивните однесувања.
2
Се изучува препознавање и избегнување на манипулација, асертивно справување со конфликти, примање и давање критика, асертивно упатување и прифаќање на позитивно мислење.
Цели и придобивки
Цели и придобивки од тренингот:
Сведоштва
Ова се искуствата на дел од учесниците на Асертивниот тренинг:





