За тренингот

Автоген тренинг е ефикасна, современа, активна, релаксациона, бихејвиорална психотерапевска техника за постигнување на општа добросостојба, превенција и совладување на стрес. Интеграција е на практични релаксациони техники, со главна цел, ослободување од наталожена психолошка и физиолошка тензија. Го унапредува и одржува психофизичкото здравје, превенира и лекува болести.

Причината за опстојувањето на Автоген тренинг се бара во резултатите кои се постигнуваат со систематско, секојдневно вежбање. Доживувањето на вежбачот дека, сам, со сопствена акција си делува на психофизичкото здравје и е сведок на промените кои ги искусува е мотивација за продолжување на тренингот се додека не се усвојат сите вежби.

Training session group photo 1Training session group photo 2
Основна цел

Секој учесник да ја совлада техниката за самостојно вежбање. Со тоа постигнува состојба на длабока опуштеност и значајни исцелувачки ефекти како за телото така и за психата. Испитувањата покажале дека практично делува на фукционирањето на сите органи.

Извори

Извори на автоген тренинг без автосугестија се класичен автоген тренинг , психологија од истокот и психологија на учење.

Тренингот се состои од два дела:

Подготовка за вежбање и Основни шест вежби.

Подготовка за вежбање

Подготовката за вежбање е составена од сет на источни релаксациони методи и современи психотераписки релаксациони вежби. Целта е постигнување подлабока релаксација пред започнување на основните вежби.

Основни вежби

Основните вежби се однесуваат на:

Барање чувство на тежина во избраната рака

Се постигнува опуштање на попречно - пругасти мускули во екстремитетите, се зголемува приливот на крв и мускулната маса

Барање чувство на топлина во избраната рака

Се опуштаат крвните садови, во чии зидови се наоѓаат мазните мускули, кои исто така се опуштаат иницирани од претходната вежба

Регулирање на дишењето

Преку мирно и рамномерно вдишување и издишување се приближува до природното дишење

Рамномерно чукање на срцето

Нормализира срцева функција доколку има пореметувања предизвикани од психолошки фактори. Олеснува тегоби и спречува влошување кај органски заболувања

Барање топлина во стомакот

Ја урамнотежува работата на внатрешните органи

Барање свежина во челото

Покрај обезбедување релкасација има и поттикнувачко, активациско дејство. Го поттикнува и подобрува вниманието, ослободува мисловен тек од кошмари, ја разбиструва свеста и ги изострува сетилата

Ефикасност

Покажал ефикасност во намалување или елиминирање анксиозност, доведува до опуштеност и спокојство, обезбедува здравје и емоционален баланс, ја зголемува довербата и себе-почитувањето, ја зголемува концентрацијата и фокусот, ја зголемува продуктивноста и ефикасноста на интелектуалните функции, обезбедува алатка за себеохрабрување и зголемен локус на контрола, значајно го подобрува квалитетот на спиење, промовира личен раст и развој.

Релаксација

Се постигнува повисок степен на психофизичка релаксација што овозможува урамнотежување на симпатички и парасимпатички нервен систем , нормализација на дишење и функција на крвни садови, подобрување на концентрација, внимание, перцептивни способности ,зголемување ефикасност на интелектуални функции, толеранција на стрес, подобрување квалитет на сон и урамнотежување на расположенија.

Предности

  • се вежба самостојно
  • брз е, додека се учи, бара во просек 15-20 минути, се вежба 3-4 пати дневно. Со извежбување потребни се од 2-5 минути
  • не изискува трошоци за опрема или посебна гардероба
  • може да се практикува секаде, во зависност од времето што е на располагање

Организација на тренингот

  • тренингот трае 8 средби по час и половина
  • меѓу 7 и 8 ма средба - 21 ден пауза
  • се започнува со 2 предвежби ( едната за исклучување на сетила не се менува , а секоја средба има нова втора предвежба, за различни состојби и цели )
  • секоја средба, почнувајќи од втората , се изучува по една основна вежба (тежина, топлина, дишење, срце, стомак, чело )
  • последниот час се проверува усвојувањето на вежбите

Клиничка апликација и евиденција

Има различна примена и се користи во различни патофизиолошки состојби и психолошки нарушувања, како на пример бронхијална асма, хипертензија, кардиоваскуларни заболувања, мигренозни главоболки, гастронтестинални пореметувања, гинеколошки нарушувања, пореметувања во метаболизмот, автоимуни заболувања ( мултиплекс склероза, тиреодизам, ревматен артрит, ...), парадентоза, алергии, одвикнување од зависности и др. Во лонгитудиналните истражувања на депресија , најголем успех, после осум месеци и континурано следење до третата година , имало комбинација од автоген тренинг и психотерапија. Исклучителни резултати постигува кај фобии.

Искуство од учесник во Автогениот тренинг

~ техника за справување со стрес ~

"Долго време барав начини и се обидував да пронајдам нешто кое ќе влијае на контролирање на секојдневниот стрес низ кој поминував. Работните обврски, секојдневното окружување, брзиот начин на живот и сопствениот темперамент едноставно не ми дозволуваа на ниту еден начин да достигнам некоја посакувана состојба на опуштање. Постојано барав и испробував различни методи и техники на опуштање, па сосема случајно дознав за Автогениот тренинг. Истражувајќи ги бројните студии и придобивките од автогениот тренинг, решив да се впуштам во оваа авантура.

Истрајноста, редовното вежбање и практикувањето на препораките од сертифицираниот тренер, ме доведоа во состојба на целосно опуштање и релаксација и ми покажаа и ми открија нешто за кое дотогаш не бев свесна и дека одговорите ги имаме сите ние длабоко во нас.

Со секое ново вежбање на Автогениот тренинг, откривав нови работи кои ме правеа посвесна за моментот и ситуацијата во која се наоѓав, постепено доживував моменти каде му дозволував на телото комплетно да се опушти и осеќав големо олеснување. Голем дел од работите кои ми ја црпеа енергијата ги детектирав постепено и се стремев кон нивно минимизирање или целосно отстранување од секојдневието. Бев свесна за она што ме прави несреќна и неисполнета. Автогениот тренинг ми помогна да ги контролирам сопствените мисли и мислите кои не ми идеа во прилог постепено исчезнуваа.Почнав да правам работи за прв пат, за кои претходно имав убедувања дека не можам да ги направам и едноставно имав убедувања дека не се за мене, а со ТОА го докажав спротивното.

Повеќе не се впуштав во конверзации кои сметав дека може да ми ја исцрпат енергијата или од кои не добивав никакво учење, личности на кои не им давав простор во моето секојдневие пробав да ги разберам и да ја променам перцепцијата кон нив, го минимизирав користењето на социјалните медиуми кои се дотогаш ми ја црпеа енергијата и имагинацијата, комплетна промена на фокусот од негативно кон позитивно и гледање на сите проблеми како на предизвици и можности за учење. Она што за мене беше премногу важно е што после овој тренинг секоја емоција знаев да ја детектирам и препознаам од каде и зошто се појавила.

Моја најтопла препорака за Автогениот тренинг за сите оние кои сакаат да постигнат состојба на опуштање и релаксација, а во исто време и да пронајдат нешто во себе за кое дотогаш не биле свесни, бидејќи моќта на исцелувањето е во барањето 😊!"

Тамара Тодоровска

Сведоштва

Автогениот тренинг е мојот животен сопатник за секоја посакувана состојба во животот.

Лолита Младеновска

Основач и управител на Бролинс АД

Автогениот тренинг ми даде самодоверба и начин за справување со негативните мисли и ансиозноста.Ме научи дека поголемиот дел од проблемите и органичувањата што си ги поставуваме сами на себе, произлегуваат од нашата потсвест и ние сме тие кои што можеме да ги искорениме.Извонредна техника која ќе ја користам и усовршувам за подобрување на мојот живот и благосостојба.

Оливер Николовски

Автогениот тренинг за мене е уште едно убаво искуство во мојот долгогодишен пат на личен развој.Тој многу ми помага во секојдневниот живот,во комуникација со другите,со справување со стравови,нелагодности,разни емотивни состојби.Многу сум среќна што ја запознав Прекрасната Варвара и што откривајќи ги неверојатните можности на Автогениот тренинг ги решавам сите препреки.На секој топло му го препорачувам затоа што бенефитите од секој дел од Автогениот тренинг се благодет.

Сека Јанакиевска

Едноставна техника која ми помогна во деликатен период од мојот живот. Техниката е едноставна, не бара посебни услови и долгогодишна практика за да се почувствуваат резултатите. Ми го смири умот, ми помогна со анксиозноста, ми помогна со спиењето и се чувствував поенергично. Со тоа и целото здравје ми се подобри.Освен сето ова, во прекрасно сеќавање ми се средбите во Центарот на Варвара, дружбата со добри и паметни луѓе од кои учев и кои имаа разбирање и поддршка за секого.

Јулија Вецовска

Ко-сопственик на Солопром