Автоген тренинг напредно ниво

техника за справување со стрес

На напредното ниво , акцент се става на визуелните доживувања , кои се слични на доживувања во сон. Напредното ниво се смета за медитативна техника, во која се користат имагинации. Вежбите се составени од два дела:

  • основно ниво автоген тренинг
  • водена медитација

Има вкупно седум вежби. На секоја средба се учи нова вежба, со искусување на различни придобивки.

Training session group photo 1Training session group photo 2

2

Вежба за активирање креативност бр.1

Насоката е на соочување со несвесни нагони, импулсивни желби, моќта на волјата

3

Вежба за активирање креативност бр.2

Насока на животен пат, проекција на желби

4

Вежба за контакт со мудрецот во себе

Насоката е на остварување поврзување со интуицијата во однос на значајни животни прашања кога е потребен патоказ во однос на значајни одлуки и изнаоѓање решенија

5

Вежба која ја поттикнува регенерацијата на телесните клетки

Наменета е за подмладување на организмот, како еликсир на животот. Кожата и оштетеното ткиво се регенерираат, раните зараснуваат

6

Вежба за обликување на карактерот

Се работи на тоа што е нефункционално, како справување со страв, анксиозност, паника, немање самодоверба, фобии, зависности, телесен изглед и др. Се јакне волјата, се зголемува активноста кон остварување цели или се намалува, за да се ужива повеќе во животот.

7

Вежба за бои

Насочена е кон зголемување на свесноста, ослободување од блокади, насоченост кон душевна чистина

Организација на тренингот

  • Вкупно има 7 средби.
  • На секоја работилница се обработува по една вежба во времетраење од 1,5 ч.
  • Тренингот се одржува во мали групи, а методот на работа вклучува индивидуално искуство со вежбање, меѓусебна размена на искуства, дискусија.

Сведоштва

Ова се искуствата на дел од учесниците на Автогениот тренинг:

Пред да започнам со тренингот во подолг временски период од неколку години, приметував дека ми се двете раце стегнати во тупаници, во една неприродна положба во мигови кога слушам омилана музика или гледам некоја комедоја, кога е очекувана релаксирана положба на телото. Практикување на автогениот тренинг со психотерапевтот и тренерот на автоген тренинг г-ѓа Варвара С. Чукиќ ми помогна во текот на неколку месеци континуиран тренинг, да се опуштат моите раце. Овие резултати ми донесоа големо олеснување и ослободување од една состојба на грч во шаките и делот на подлактиците. Редовно практикувам автоген тренинг во стресни ситуации и го препорачивам.

Марија Златановска

Професор по музика

Го сакам автогениот тренинг. Тој го промени мојот целокупен пристап кон животот и го користам во моментов, особено кога не се чувствувам удобно во сопствената кожа и имам потреба да се смирам. Тоа ми помага да ги опуштам телото и душата, особено попладне и пред спиење. Имам уште долг пат да одам и целта ми е да бидам поактивна за да можам да извлечам максимум од автогените тренинзи, не само психички, туку и физички. Благодарение на Варвара, јас сум на вистинскиот пат.

Марсела Зафирова

Откако го практикував Автоген 1 почувствував потреба да направам уште нешто за себе. Автоген 2 се разликува по тоа што ни ги проширува сфаќањата за тоа кои сме, што се можеме, колку сила поседуваме. Ми отвори нови гледишта на работите , повторно во друштво на луѓе со отворен ум, спремни да учат и “растат”.

Јулија Вецовска

Ко-сопственик на Солопром