ПРОЦЕС НА ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈА НА К.Г.ЈУНГ

Главната одлика на Јунговата психологија е дека личноста има тенденција да се развива во смисла на стабилно единство, а крајна цел е остварување на јаството. Развојот е развивање на изворните недиференцирани потенцијали со кои луѓето се родени и, подоцна, нивно интегрирање во единствена целовитост. Според Јунг, себереализацијата се постигнува преку индивидуализација, како природен процес кој е својствен за секое живо битие. „ Te жнението и принудата за себеостварување (т.е . индивидуализација) е природна законитост, несовладлива сила и тогаш кога почетокот на нејзиното дејствување е незабележлив и нестандард ен “ .
Под principum individuationi , во научната терминологија се подразбира раздвојување на општо во посебно, во поединости, односно во единки и индивидуи. Терминот се наоѓа уште кај Аристотел, Албертус, Магнус, Томас, Лајбниц, Спиноза и Волф. Процесот на индивидуализација , како термин, Јунг првпат го употребува во книгата Психолошки типови , напишана 1920 година. Со него се означува можност за развој, потенцијално даден на секој човек и во формирањето на индивидуата кулминира во нејзината духовна целовитост . Во Јунговото учење, терминот индивидуализација го означува она што и самиот буквален превод на зборот го укажува: неделив а , односно целовита, неподвоена личност, и подразбира постанување индивидуа, себереализирање и остварување на потенцијалите и развој на Јаството. Иако станува збор за вродена и неизбежна тенденција, срединските услови (нивото на образование, социоекономската добросостојба, односот со родителите и сл.) може да имаат олеснително или отежнувачко влијание.
Основна животна задача, смета Јунг, е постигнување целовитост и врамнотеженост на психата. За да се разбере процесот на индивидуализација, неопходно е познавање на развојниот аспект на психата. Развојот на личноста Јунг го дели во две широки фази, со граница во средните години. Во првиот период од животот, насоченоста е првенствено кон надвор, кон приспособување на светот (образование, професионален успех, пронаоѓање партнер и стапување во брак, родителство). Во овој период, интензивно се развиваат разни делови од свесната личност. Да се биде посветен на социјалните улоги подразбира одрекување или занемарување на основните мотиви и тенденции на психата. Насоченоста кон надвор и нагласувањето на свесното и рационалното, води кон нерамнотежа во психата, кон едностран развој и себеотуѓување. Едностраноста е неопходно да се надомести преку инвестирање во спротивните тенденции . Интегрирањето на личноста и постигнувањето целовитост започнува со соочувањето со несвесното и негово доведување во полето на свесноста. Насоченоста од првенствено кон надворешниот свет, се менува во насоченост кон внатрешната реалност. Емоционално приспособената, целосно функционална и индивидуализирана средовечна единка, не е водена од специфичен став или функција; ниту од свесниот, ниту од несвесниот дел на личноста. Свесното и несвесното, иако во конфликтна поставеност, се успешно интегрирани. Личноста има нов центар, а тоа е Јаството.
Првата промена што се случува во процесот на индивидуализација во средните години, е детронизирање на личноста. И покрај неопходната посветеност на социјалните улоги и одржување на насоченоста кон надворешниот свет, неопходно е да се препознае дека тоа е само дел од реалноста и во суштина не ја отсликува нашата природа . Првиот чекор во процесот на индивидуализација се однесува на препознавање и прифаќање на сенката и примитивните импулси и социјално неприфатливи особини што таа ги содржи (пр. себичност). Тоа не значи доминацијата на личноста да биде заменета со доминација на сенката, туку просто препознавање и прифаќање на нејзиното постоење и влијание . Следува прифаќањето на сопствената психолошка бисексуалност – анимата кај мажот и анимусот кај жената. Ова не е едноставен чекор и честопати е следен со отпори, поради тоа што води кој значајни промени во сликата за себе, смета Јунг. Трансцедирањето на спротивностите и обединување на сите делови на личноста, првенствено на свесното/рационалното, индивидуалното и колективното несвесно, со центар во Јаството, е крајната цел на процесот на индивидуализација. Само така се можни автентично живеење, целосна функционалност и приспособеност.
Индивидуализацијата е процес што трае во текот на целиот живот . Условно кажано, првата половина од животот е подготвителна фаза и во неа индивидуализацијата има, така да се рече, латентен облик. Интеграцијата на личноста започнува во втората половина од животот. Според тоа, засновано е тврдењето на некои автори дека сè до триесеттите години од животот не е оправдано да се зборува за себеактуализирање. Целосна индивидуализација не е можна. Комплетното себеостварување е идеал кон кој се тежнее, но кој не може да се достигне. Од друга страна, секој не одбира да го оди тој пат – кон себереализирање и индивидуализирање. Процесот на индивидуализација може да се одвива несвесно или на разни начини да постане свесен и така да се постигне повисок степен на диференцијација и обединетост. Во согласност со кажаното, постојат две главни форми на индивидуализација:
– Природен процес на индивидуализација. Се одвива автономно, без учество на свеста и без лична ангажираност. Индивидуализацијата ќе се служи сама по себе, без активно и свесно учество на индивидуата и во таков случај можна е делумна и нецелосна обединетост;
– Вештачки или култивиран процес на индивидуализација. Личноста активно учествува и го поттикнува процесот на индивидуализација, кој е свесно доживеан и обработен. На ваков начин, значително се намалува ризикот неприфатени или занемарени делови на личноста да не бидат интегрирани.

