“ Животот е прекрасна авантура; игра што неможе да се победи или изгуби , само да се игра “

“Вие мора да бидете промената која сакате да ја видите во светот” - Ганди

ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Коучинг ( life coaching )

Сите ние во одреден период и во одредени ситуации, размислуваме како да си го подобриме животот. Особено кога се соочуваме со предизвици. Што може да промениме и на кој начин? Се преиспитуваме себе си и бараме соодветни одговори и решенија. Без подршка, не е лесно да се дојде до одговор. Токму затоа постои коучингот.

Коучинг ( life coaching ) е развоен процес, кој му помага на клиентот да ги истражи и зајакне своите способности со цел постигнување чувство на актуализација на потенцијалите на лично и професионално поле. Еспертизата е во коучинг процесот со кој му се помага да клиентот да се спознае подобро себе си и да дејствува од својата автентичност. Во средина на сигурност и доверба, клиентот ги истражува своите предизвици и грижи. Тоа е партнерски однос во кој градењето стратегија и реализација на планот е заедничка , со подршка од коучот.

Коучингот е инспиративен, мотивирачки процес кој охрабрува, помага полесно да се донесат одлуки, превземе акција и тоа во согласност со себе си и своите потреби, желби,аспирации.

Закажете индивидуална сесија во траење од 1 ч.

ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Закон на битието

Законот на Битието се базира на свесна одлука за тоа КОЈ сакаме да бидеме

Закон на Битието е единствена и уникатна индивидуална програма за личен раст и развој. Со многу алатки, е витална подршка на учесникот на програмата, во развој на сопствените потенцијали.

"Преку зголемување на свесноста до поголемо задоволство во секој аспект од животот."

Се почнува со насочување кон спознавње на срединските, генетските услови кои придонеле во формирањето на нашата личност, себеанализа каде сме денес и што е тоа што би сакале да го промениме.

Промената значи спознавање, прифаќање и донесување одлука за надминување на оние ограничени верувања, интерпретации, искуства, стравови, кои го блокираат патот кон успехот и актуализација на сопствените потенцијали. Се изучуваат алатките со цел откривање на тајните на манифестација, на изобилие, на среќа, здравје, мудрост и добросостојба.

На крај, се прави избор што да се задржи, а што да се промени. Го креираме светот што го избираме! Законот на Битието се базира на свесна одлука за тоа КОЈ сакаме да бидеме, и тоа повлекува автоматска промена на мислите, емоциите и однесувањата.

ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Програмата е конципирана на два начина:

Првично, насочена е на Битието, постоењето во сегашниот миг и ја зголемува свесноста преку:

  • Спознавање на 7-те нивоа на свесност, енергија, потенцијал и себе – лидерство
  • Препознавање на нивото на кое се функционира во дадениот момент
  • Правење избор за животна филозофија врз основа на највисоките енергетски нивоа
  • Континуирано редефинирање на идеалната слика за себе

Следно, преку индиректно зголемување на свесноста насочено на ПОСТАНУВАЊЕ ви помага да:

  • Се надминат внатрешните препреки кон посвесно мислење
  • Донесување свесни одлуки базирани на сегашноста, не на минатото
  • Промена на мислењето, емоциите и однесувањето
  • Барање на нови начини на однесување и нивно тестирање во реалноста
  • Барање охрабрувачка срединска подршка

Со правење мали чекори до Идеалната слика за себе!

Секоја личност која учествува во програмата е единствена, уникатна . Нема да го имате истото искуство како било кој друг учесник во програмата. Ова е само ваше патување!