ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Коучинг ( corporate coaching )

Компаниските предизвици се многубројни. Обуките и тренинзите за психолошка надградба и развој на вработените се неопходни. Тоа е услов за успешно работење. Професионалниот успех е интеграција на стручни , специфични знаења и вештини во областа во која се работи и континуирана надградба во својот психолошки раст и развој .

Целта е преку подобро себеспознавање, стекнување вештини и знаења, да се постигне чувство за личен напредок. Себеспознавањето носи кон чувство на владеење со себе, полесно носење правилни одлуки, добро справување со стрес. Се подобрува себеуправување во однос на емоциите, комуникацијата и однесувањето, воопшто.

Личниот напредок носи кон тимски напредок и компаниски напредок. Една од важните алатки за успехот во компанијата е тимската соработка во тимовите, меѓу тимовите , чувството на здружување и постигнување заедничка цел. Корпоративните тренинзи го обезбедуваат токму тој процес на личен раст и развој кој следствено придонесува за компаниски развој.

Корпоративниот коучинг се состои од

  • индивидуална работа, сесии еден на еден; и
  • групни корпорациски тренинзи
ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Енергетско лидерство ~ Бидете динамичен мотивациски лидер

Бидете динамичен мотивациски лидер

“Добар лидер е оној кој му кажува на другиот како да стигне до својот потенцијал.
Извонреден лидер е оној кој му помага на другиот да го открие сам својот потенцијал” Бо Бенет

Што верувате дека е потребно за да бидете Динамичен, Мотивационен Лидер?Кое ќе биде влијанието на вашиот бизнис кога ќе го постигнете тоа?
Откријте го трансформативниот Енергетски Лидерски Развоен Систем кој е базиран на 7 нивоа на лидерство

Енергетско Лидерство е процес кој развива личен ефективен стил на лидерство кој позитивно влијае и ве менува вас самите, ги менува тие со кои работите и сте во интеракција и вашата цела организација.

Лидерство е начин како да се мотивирате себе си и другите на акција. Не се поставува прашање дали сте лидери или не сте, туку колку добро водите.

Прогамата Енергетско Лидерство е развиена од Брус Д. Шнајдер и се фокусира на личен и професионален развој преку единствен пристап во разбирање и управување на енергијата. Енергетско Лидерски Развоен Систем, базиран на 7 нивоа на свесност, помага во зголемување на вашата енергија и перформанси до ниво кое е перцепирано од другите како идеално за лидерство.

Потенцијал - В

Развојна програма за енергетско лидерство

Програмата Енергетско Лидерски Развоен Систем е посебна, јасно структурирана програма која е врзана со тестот ЕЛИ -Енергетско Лидерски Индекс. Тестот ЕЛИ, обезбедува сознанија за тековното ниво на свесност, перформанси и ефективност и иницијално го лансира патот за развој преку програмата Енергетско Лидерски Развоен Систем. Преку процесот на дебрифинг и ориентација ја создавате своја развојна мапа. Ќе го разберете концептот на 7-те енергетски нивоа и нивната поврзаност со лидерството. Соглaсно тоа ќе научите како да ја менувате енергијата и да се претставите на начин што ќе ги инспирира другите.

Вашата Развојна Програма:

Прва фаза: Создавање основа

Првиот дел од Енергетско Лидерски Развоен Систем е базичниот дел, што ви помага да разберете каде сте во моментот, да ја визуелизирате својата идеална слика,како и да препознаете и надминете препреки кои ви стојат на патот до успехот.

  • Направете го тестот Енергетски Лидерски Индекс
  • Насочете се на програмската ориентација и планирајте го вашиот пат
  • Научете ги 7-те нивоа на Лидерство
  • Идентификувајте сили и препреки кон постигнување идеална слика за себе како Лидер
Втора фаза: Научете ги 8-те Сегменти градители на Енергетски Лидер

Следните 8 Сегменти обезбедуваат тренинг неопходен да се стане мастер, во области значајни за идеално лидерство, како:.

  • Емоционална интелигенција
  • Динамичка комуникација
  • Влијание и ангажирање на другите
  • Решавање проблеми
  • Продуктивност и носење одлуки
  • Високо енергетски релации
  • Здравје и благосостојба
  • Организација на време и баланс
Резултат од Енергетско Лидерство ?

Резултатот е зголемена продуктивност, помалку напор, чувство на исполнетост!

ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Видео

ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Компании со кои е соработувано

ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Искуствено обавени тренинзи со EOS Matrix

Драга Варвара,
Ти благодариме што ни помогна да го трансформираме нашето работно место и нашиот работен живот од самото негово јадро.
Тимот на EOS Matrix