Што претставува емоционалната интелигенција
Емоционална интелигенција се однесува на способноста да се разберат и менаџираат емоционалните предизвици. Повисоко ниво на емоционална интелигенција придонесува за оптимално психолошко функционирање и искуство, добросостојба, намалување на стрес, бројни значајни социјални релации и социјални компетенции.

Работилници за емоционална интелигенција
Програмата “Емоционална интелигенција” опфаќа четири работилници насочени на следниве димензии на емоционална интелигенција:

1. Препознавање и разбирање на сопствените емоции
Првата работилница е насочена на препознавање и разбирање на сопствените емоции и природно споделување на истите. Се работи на насочување на внимание на физички сензации, мисли и однесувања кои ја придружуваат емоцијата, проценување на нејзиниот интензитет кој може да биде многу силен (или слаб) и долг (или краток) и зголемување на емоционалниот речник.

2. Препознавање и разбирање на емоциите кај другите
На втората работилница се работи на препознавање и разбирање на емоциите кај другите, насочување на внимание на говор ,поставеноста и движењето на телото, предизвици во препознавање на емоциите кај другите.

3. Управување со емоциите
Третата работилница се однесува на управување со емоциите од автоматско реагирање, и е насочена на менување релација со емоција, менување перспектива на емоција или емоционален тригер, стратегии на емоционална регулација .

4. Користење на емоциите за насочување на конструктивни, позитивни, продуктивни активности и себеохрабрување
Четвртата работилница го обработува користењето на емоциите за насочување на конструктивни, позитивни, продуктивни активности и себеохрабрување . Освртот е на четири начини, на користење емоции, во олеснување на перформансите.
Организација на тренингот
- Тренингот се одржува во мали групи, а методот на работа е комбиниран.
- Составен е од предавања, прашалници, играње улоги, дискусија, работа во групи, меѓусебна размена на искуства и сл.
- Учесниците добиваат скрипта и работна тетратка .
- Тренингот се одвива континуирано во 4 средби, еднаш неделно по 2 часа.

