ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Емоционално фокусирана терапија

Емоционално фокусирана терапија е структурирана психотерапија која се базира на емоциналната приврзаност, како модел за тераписки промени. Емоционалната приврзаност како основна човечка потреба, која започнува уште со раѓањето и трае до смртта, доведува до емотивна рамнотежа и регулација.

Со постигнување на емотивна рамнотежа се дава поттик за истражување на адаптивниот внатрешен свет и градење на позитивен модел на себе, исполнет и отворен однос со себе и другите како и зголемување на потенцијалот за градење позитивни односи. Во услови на безбедна средина, со чувство на емотивна сигурност во терапискиот процес, се истражуваат емоциите на анксиозност, тага, гнев, бес, срам, страв и други по пат на потполно внесување во емоцијата, нејзино прифаќање, наместо порекнување, блокирање или фрагментирање.

ПОТЕНЦИЈАЛ-В

Емоционално фокусирана терапија

Во тој процес се случува нов начин на ангажирање со емоциите и нивно регулирање, со цел нивна интеграција во позитивно и моќно чувство за себе.

Емотивно и ментално градење на внатрешниот и надворешниот свет на личноста на позитивен начин, води кон отворен, љубопитен ангажман во сегашното искуство, флексибилните реакции и позитивно функционирање.

Организација на тренингот

  • Во зависност од потребата , сеансите се закажуваат еднаш неделно или на две недели.
  • Една сесија трае 1 ч.

“Терапевтот не е композитор кој ги преиспитува партитурите на клиентот, како би ги смалил симптомите на нескладност, туку е диригент кој знае дека постои цела, жива песна која чека да се појави”


- Сузан М. Џонсон (S.M.Johanson, 2020)
Контактирајте не

Подготвени сте да започнете? Закажете консултација денес и дозволете ни да ве водиме кон раст што трае!

Контактирајте не