Енергетско Лидерски Развоен Систем

Енергетско Лидерство, со полн назив Енергетско Лидерски Развоен Систем, е корпоративна коучинг програма, развиена од Bruce D. Schneider, PhD, основач на iPEC, USA.

Енергетско Лидерство е процес преку кој се развива личниот ефективен стил на лидерство кој позитивно делува и Ве менува не само Вас, туку и оние со кои соработувате и сте во комуникација, како и целата организација.

Лидерство е начин како да се мотивирате себе си и другите, на акција. Не се поставува прашање дали сте лидери или не сте, туку колку добро водите. Секојдневно, најголем број од луѓето се насочени на: Што е погрешно? Што не е во ред? – со нивните семејства, работа, проектите на кои работат, колегите, партнерите , интерперсоналните релации и нивните животи.

Што е потребно за трансформација на негативностите, стресот и притисокот на работа што се секојдневие во корпоративниот свет? Што им попречува на вработените да бидат продуктивни, креативни и да имаат позитивен став кон реализација на целите на организацијата во која работат и колегите со кои соработуваат?
- Потребен е Моќен Лидер кој има вештини, високо софистициран, сестран Лидер и некој кој ја разбира моќта на енергијата.

Цел на Енергетско Лидерски Развоен Систем

е насоченост на 7 те нивоа на свесност, што значи стекнување со основните познавања како на Енергетските нивоа така и на нивната примена во работната околина со видливи резултати. Со оваа програма ќе се увидат принципите на успешното креирање и водење на тим.

Коучинг програмата Енергетско Лидерски Развоен Систем е посебна, јасно структурирана програма, која е врзана со тестот ЕЛИ - Енергетско Лидерски Индекс. Со тестот се мерат перцепциите, навиките, однесувањата и целосните лидерски способности.

Системот е создаден од Вовед и дванаесет развојни сегменти. Програмата е прилагодена за секој лидер, запознавање со тековното ниво на свесност, перформанси и ефективност. Лидерите креираат своја лична развојна патека, стануваат мастери во сегментите на Емоционална Интелигенција, Динамичка Комуникација, Влијание и мотивирање на другите ,Решавање на проблеми, Продуктивност и донесување одлуки, Високо Енергетски Интерперсонални Релации, Распоред на времето и баланс и со тоа остваруваат прогрес кон Идеален Лидер.

Резултатот е зголемена продуктивност, помалку напор, чувство на исполнетост !

Најуспешните лидери во светот навистина уживаат во тоа што го работат. Всушност, кога и биле запрашани за нивната работа, велат дека ретко кога чувствуваат дека “работат”.

Корпоративна коучинг програма "Енергетско Лидерски Развоен Систем"

Прва фаза: Создавање основа

Првиот дел од Енергетско Лидерски Развоен Систем е базичниот дел, што ви помага да разберете каде сте во моментот, да ја визуелизирате својата идеална слика, како и да препознаете и надминете препреки кои ви стојат на патот до успехот.

Направете го тестот Енергетски Лидерски Индекс

Насочете се на програмската ориентација и планирајте го вашиот пат

Втората фаза се состои од 8 развојни сегменти

Следните 8 Сегменти обезбедуваат тренинг неопходен да се стане мастер, во области значајни за идеално лидерство, како:

Емоционална интелегенција

Времетраење: 8 часа

Преку контактот со емоциите и нивно менаџирање ќе може да одговорите, наместо да реагирате, на продуктивен и свесен начин.Имајќи ги во предвид 7-те нивоа на свесност и емоциите кои се специфични за даденото ниво, полесно ќе направите избор за одговор што е во согласност со нивото кон кое тежнеете.

Динамичка комуникација

Две средби по 8 часа

Преку обуката за Енергетско Лидерство се здобивате со ефективни комуникациски вештини кои ја подобруваат релацијата со колегите, пријателите и семејството.
Насоченоста е на групна комуникација преку 7-те нивоа на свесност, асертивна комуникација на работа, активно слушање како и моќта на говорот.

Влијание и ангажирање на другите

Времетраење: 8 часа

Важен сегмент за лидерството. Со разбирање на 7-те нивоа на свесност се здобивате со моќно влијание во водењето на тимот или организацијата како ефективен и инспиративен лидер, преку пристап до сопственото мотивационо, инспиративно енергетско ниво до вештини за мотивација на другите. Се здобивате со енергетски модел за успешна продажба и преговарање.

Решавање на проблеми

Времетраење: 8 часа

Креативно решавање на проблеми и можноста за наоѓање решенија во тешки ситуации е предизвик на оптимистичното и позитивно размислување која е целта на овој сегмент. Изучување на 7 те нивоа на конфликт менаџмент,ќе станете мастер во рано препознавање на препреки и влијанија и примена на стратешки пристап во решавање на проблемите.

Продуктивност и донесување одлуки

Времетраење: 8 часа

Преку разбирање и свесност за нивото на енергија во која се наоѓате, ќе бидете охрабрени во правењето избори и носење одлуки кои се усогласени со вашите цели и вредности. Полесно ќе правите промени и ќе се стекнете со поголема резилиентност во неповолни околности. Ќе ги научите алатките за брзо и правилно донесување одлуки во согласност во внатрешната мотивација и креирање иновативни решенија.

Високо енергетски релации

Времетраење: 8 часа

Енергетското Лидерство ја истакнува важноста на емпатијата и разбирањето. Како резултат на тоа, ќе имате можност да градите поздрави и попозитивни релации. Препознавање на сопственото енергетско ниво, развој на анаболички односи , развој на тимско анаболичко енергетско ниво се придобивки од овој сегмент.

Здравје и добросостојба

Времетраење: 4 часа

Со свесноста за ставовите, перцепциите, вредностите, однесувањата кои придонесуваат за стрес, ќе развиете ефективни стратегии за управување со стресот и со тоа подобра емоционална добросостојба и здравје.

Организација на време и баланс

Времетраење: 4 часа

Преку 7- те нивоа на енергетско лидерство, ќе имате подобар временски распоред и професиоанален - животен баланс, посветувајќи се на значајни аспекти во вашиот живот. Се изучуваат вештини за менаџмент на време, промена на чувството за притисок на времето, начини за балансирање на времето.

Важни информации за програмата

Времетраење на обуката

Секој сегмент бара од 1 до 3 средби, кои може да се обавуваат секоја недела, два пати месечно или еднаш месечно. Од една до друга средба потребно е да помине минимум една недела. Изборот на сегментите, времетрањето на обуката и изборот на бројот на средбите е работа на договор.

Дополнителни информации

Трансформацијата на лидерскиот стил на водење е ПРОЦЕС, кој бара време. Праксата и истражувањата од iPEC, покажуваат дека е потребно 6 до 9 месеци, континуирана работа, за да се почувствуваат промените. Тестот ЕЛИ, се прави на почетокот и на крајот на тренингот. На тој начин квантитативно се мерливи промените.

Фотографии од тренинзите

App 1

App

Web 3

Web

App 2

App

Адреса:

Благоја Страчков, бр.6/4, Скопје

Телефон:

+389 75 448 661

Име
Презиме
Е-маил
Телефонски број
Прашање
Се праќа...
Пораката не се испрати. Ве молам обидете се повторно.
Вашата порака е успешно испратена. Ви благодарам!