Когнитив-бихејвиор терапија
Основата на КБТ се заснива на теоријата дека мислите ги одредуваат чувствата и поведението. Во психопатолошки состојби, како анксиозните растројства, депресијата, манијата, паранојата и слично , идеата е дека е нарушено процесирањето на информации. Целта на техниките е да се промени когнитивното функционирање , од пристрасно во неутрално. Преку вербални процедури и бихејвиорални експерименти се тестираат дисфункционалните верувања и неприлагодени интерпретации.
Евалуација на личните заклучоци го оспособува клиентот за колку што е можно понеутрално функционирање.Терапијата е насочена кон сегашноста и кон експлицитна идентификација на проблемот и околностите во кои се јавува.
По пат на прашања, клиентот сам ја увидува неоснованоста на дисфункционалните верувања. Когнитивните промени водат кон промени во поведение и емоции.
Одржување на сесии
- Во зависност од потребата , сеансите се закажуваат еднаш неделно или на две недели .
- Една сесија трае 1 ч.


“Терапевтот не е композитор кој ги преиспитува партитурите на клиентот, како би ги смалил симптомите на нескладност, туку е диригент кој знае дека постои цела, жива песна која чека да се појави”
- Сузан М. Џонсон (S.M.Johanson, 2020)
Контактирајте не
Подготвени сте да започнете? Закажете консултација денес и дозволете ни да ве водиме кон раст што трае!
Контактирајте не