Нашите услуги
Психодијагностика
Психодијагностика
Психодијагностика значи примена на психолошки мерни инструменти (сет од интервју, опсервација, комуникација, прашалници, скали, психолошки тестови, техники), кои се користат за изработка на психолошки наод и мислење за личноста, за истражувачко дијагостички цели.
Психолошките мерни инструменти даваат проценка на:
- Општата интелигенција кај возрасни и деца, проценка на вербални и перформативни способности, рационално размислување, капацитет на личноста ефикасно да се соочува со секојдневни проблеми и искушенија, делува во насока на остварување на цели.
- Когнитивните способности, како меморија, внимание, перцепција, насоченост на решенија.
- Мерење на различни аспекти на личноста и психопатологија.
- Емоционален стрес, одбранбени механизми, мотивација, емоционална регулација, интерперсонални релации, психолошка добросостојба.
- Своите способности и потенцијали, во насока на нивно актуализирање во сите аспекти на функционирање.
- Идентификација на цели и можности за кариерен напредок.
