Основач и управител на Центарот за самоактуализација ”ПОТЕНЦИЈАЛ-В” ДООЕЛ Скопје е Варвара Стојановска Чукиќ.Варвара има завршено Економски факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј”, Скопје и 14 годишно работно искуство во областа на сметководство и финансии, со последна работна позиција - финансов раководител. Кон крајот на 2009 година, одлучува да ја промени професијата.
Се запишува на Институт по психологија при Универзитетот “ Кирил и Методиј ”, Филозофски факултет, Скопје на отсекот Личност и советување, на кој магистрира во 2014 година на тема “ Поврзаност меѓу перцепираните родителски стилови и одделни аспекти на самоактуализација кај студенти”.Почнува со едукации од областа на психотерапија, како Интегративна психотерапија и личен развој, Системска и семејна психотерапија, Когнитив- бихејвиор психотерапија. Сите ги завршува успешно. Се стекнува со европски сертификат за системски и семеен терапевт (ЕСР). Едукацијата од системска и семејна психотерапија ја завршува во Институтот за системска и семејна пракса “Алтернатива” Скопје.
Завршува и обука од Психодијагностика при Институтот за системска и семејна пракса “Алтернатива” Скопје.Во мегувреме, завршува тренинг за корпоративен и личен раст и развој (CPC) во iPEC, USA во Лондон. Во рамките на коучинг програмата се здобива со сертификат за мастер тренер за Енергетско лидерство во компании (ELI-MP). Има посетувано бројни работилници од психодрама. Се обучува и за тренер за автоген тренинг без автосугестија, асертивен тренинг – комуникациска вештина , емоционална интелигенција и станува тренер на тренери за наведените обуки.
Во 2018 година дипломира и на Факултетот по психологија при Мегународниот Славјански Универзитет “Г.Р.Державин” Св.Николе, на тема ”Асертивноста како психолошки конструкт во социјалната интеракција”. Мај, 2020 година, се стекнува со Општа лиценца за вршење на психолошка дејност од Комора на психолози на РСМ. 2021 година, се насочува на Емоционално фокусирана терапија за парови (EFCT), и Емотивно фокусирана индивидуална терапија (EFIT). Ја завршува и денес работи Емоционално фокусирана терапија , индивидуално, за парови и семејства, под супервизија. Член е на Секцијата за индустриско организациска психологија и член на Етички одбор при Комора на психолози на Р.С.Македонија. Денес, активно работи индивидуална и групна психотерапија поткрепена со разновидните психотерапевтски правци , индивидуални и групни психолошки работилници и тренинзи во различни сетинзи, психодијагностика, корпоративни програми за професионален развој и лидерство во Центарот за самоактуализација “ ПОТЕНЦИЈАЛ-В” Скопје.